Како вас ве инспирира оваа наша убава земја?

Споделувајте на најдобрата мрежа во Македонија!

#НашаМакедонија

МОЖЕТЕ ДА УЧЕСТВУВАТЕ И ДИРЕКТНО ПРЕКУ

Facebook

Facebook

Пристапете на www.facebook.com/TelekomMK и прикачете слика, видео или пишете статус директно на ѕидот, плус допишете ги клучните зборови #NashaMakedonija и @TelekomMK. Вашата содржина ќе се појави на оваа страница најдоцна за 24 часа, доколку ги исполнува правилата и условите на користење.

Youtube

Youtube

Прикачете видео на YouTube и во описот пишете ги зборовите NashaMakedonija и TelekomMK. Вашето видео ќе се појави на оваа страница најдоцна за 24 часа, доколку ги исполнува правилата и условите на користење.

Instagram

Instagram

Споделете нова слика или видео на Instagram и вклучете ги следните два хаштага (#NashaMakedonija #TelekomМК) и тие ќе се појават на оваа страница најдоцна за 24 часа, доколку ги исполнуваат правилата и условите на користење.

Напомена: Важи за новопостирани слики и видеа.

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

ОПШТИ УСЛОВИ

Овие услови за користење ги пропишуваат условите и правилата што се однесуваат на користењето на интернет страницата „НАША МАКЕДОНИЈА” (понатаму: страницата) од страна на корисниците. Со користењето на оваа страница, корисниците изјавуваат дека се согласуваат со изнесените Услови и Правила на учество.

Правото на користење на оваа страница е лично право на корисникот и не може на ниту еден начин да се пренесе на други физички или правни лица. Корисникот е лично одговорен за заштита на доверливоста на лозинките на својот профил, на оние места каде што тие постојат.

Корисникот целосно е запознаен и го прифаќа фактот дека, иако Интернетот е општо сигурна околина, понекогаш доаѓа до прекин на услугите. Македонски Телеком АД Скопје не може да биде одговорен за какво било губење на податоци до кои може да дојде за време на преносот на информациите на Интернет.

Корисникот се согласува и прифаќа дека без оглед на причините, пристапот на страницата понекогаш може да биде во прекин, привремено недостапен или исклучен. Македонски Телеком АД Скопје го задржува правото во кое било време да измени или да укине кој било сегмент од своето работење, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на содржината, времето на достапност, како и опремата потребна за пристап и користење на страницата.

ИЗМЕНА НА УСЛОВИТЕ
Македонски Телеком АД Скопје го задржува правото во кое било време и без претходно известување, да укине или да измени кој било од наведените Услови за користење. Затоа, корисниците се должни одвреме-навреме да ги прочитаат информациите содржани во Условите за користење, за да бидат информирани за таквите измени и дополнувања.

Доколку дојде до измена на Условите за користење и корисникот продолжи да ја користи страницата „НАША МАКЕДОНИЈА” се подразбира дека ги прифаќа Условите за користење што се важечки во моментот. Каква било измена на условите на користење ќе влезе во сила веднаш откако ќе биде објавена на интернет страницата на Македонски Телеком АД Скопје.

ОПРЕМА

Корисникот е одговорен за набавката и одржувањето на својата компјутерска опрема, вклучувајќи го целокупниот софтвер и хардвер, како и друга опрема што е потребна за пристап и користење на овие или други интернет страници, како и за трошоците поврзани со тоа. Македонски Телеком АД Скопје не е одговорен за какво било оштетување на опремата на корисникот што може да настане како последица од користењето на оваа страница, ниту пак, за трошоците поврзани со тоа.

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА

Корисникот е согласен дека користењето на оваа страница е исклучиво на негова одговорност. Македонски Телеком АД Скопје не гарантира дека користењето на оваа страница нема да биде прекината или дека ќе биде без грешки; Македонски Телеком АД Скопје не гарантира за последиците што можат да настанат со користењето на оваа страница.

Македонски Телеком АД Скопје не одговара за каква било штета или можна повреда причинета со грешка, прекин, дефект, доцнење на преносот, компјутерски вирус, прекин на комуникациската линија, кражба, неовластен пристап, злоупотреба на записите, несоодветно однесување или со кое било друго дејство.

Корисникот потврдува дека администраторите на оваа страница, ангажирани од страна на Македонски Телеком АД Скопје, не се одговорни за навредливо, несоодветно или противзаконско однесување на другите корисници или трети лица и дека ризикот од штетата што може да настане како последица на наведеното, во целост паѓа на корисникот.

Во ниту еден случај администраторот на страницата или друго физичко или правно лице вклучено во создавањето, производството или дистрибуцијата на страницата, нема да бидат одговорни за каква било штета што може да настане како последица од користењето или неможноста за користење на страницата.

Корисникот изречно потврдува дека овие одредби се однесуваат на целокупната содржина на страницата.

Администраторите на страницата нема да бидат одговорни за која било грешка, неточност или други недостатоци, несоодветност или неизворност на информациите што се наоѓаат на страницата, како и за какво било доцнење или прекин во преносот на информациите до корисникот, за какво било побарување или загуба што произлегуваат од тоа, вклучувајќи и изгубена награда.

Администраторите на страницата имаат право да вршат надзор над содржината на страницата, со цел да се обезбеди усогласеност и почитување на овие Услови за користење, како и на кои било други правила пропишани од страна на администраторите на страницата, како и усогласеност со позитивната законска регулатива.

Администраторите на страницата го задржуваат правото на отстранување на кој било материјал, за кој ќе заклучат дека не е во согласност со тука поставените правила, или за кој ќе заклучат дека е дискутабилен на друг начин. Овде се подразбира употреба на туѓ авторски материјал (во форма на аудио, видео или слика), како и употреба на недоличен, навредлив и вулгарен јазик. Коментарите коишто според сопствено наоѓање на Македонски Телеком АД Скопје ќе бидат оценети како навреда за Македонски Телеком АД Скопје, администраторите или останатите корисници ќе бидат веднаш отстранети од страницата.

Доколку администраторите забележат лажни профили, поклопување на IP адреси кај голем број различни профили или какво било друго однесување кое упатува на злоупотреба од секаков вид при користење на страницата, заради стекнување определена корист за корисникот, тој корисник нема да има право на понатамошно користење на страницата.

Секакви нелегални активности кои вклучуваат упад во туѓа интернет сопственост, додавајќи, менувајќи или бришејќи информации од важност за финалниот резултат на играта, ќе вродат со дисквалификација.

ОДНЕСУВАЊЕ НА КОРИСНИКОТ

Како корисник се смета секое лице што ја користи страницата „НАША МАКЕДОНИЈА” . Овие Услови на користење ги пропишуваат Правилата на користење според кои ќе се одвива целокупната комуникација и интеракција при користење на страницата. Сите активности во врска со користењето на страницата, од страна на корисниците мора да бидат во согласност со позитивните прописи на Република Македонија и токму затоа се бара од корисниците да ги почитуваат. Преку страницата, корисниците не смеат да објавуваат материјали кои на кој било начин ги:

 Загрозуваат или на кој било начин ги кршат правилата на останатите корисници;
 Кои се незаконски по својата природа;
 Кои на кој било начин ја нарушуваат или ја загрозуваат приватноста;
 Кои се вулгарни или пак, на кој било начин се навредливи во комуникацијата;
 Кои поттикнуваат на противправни активности.

Секое однесување на корисникот, кое на кој било начин го ограничува или пак, го оневозможува правото на користење на страницата од страна на друг корисник, е строго забрането. Не е дозволено користење на страницата за огласување на каква било верска и политичка пропаганда, како и за повикување на другите корисници да станат членови на која било друга услуга, што претставува директна или индиректна конкуренција на Македонски Телеком АД Скопје.

ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

Страницата и сите материјали кои се дел од страница се ексклузивно право на Македонски Телеком АД Скопје и можат да се користат единствено со одобрение на носителот на авторските права и на носителите на правото на трговските марки и/или индустриските дизајни. Забранета е каква било дистрибуција, пренос, копирање, објавување или пак, на кој било начин користење на материјалите на оваа страница без претходна изречна согласност за тоа од страна на Македонски Телеком АД Скопје.

Секое однесување со кое може да настане повреда на авторските права, правото на трговска марка или право на каков било облик на интелектуална сопственост, може да предизвика иницирање граѓански или друг вид кривични постапки. Дозволено е преземање и печатење на материјали заштитени со авторско право од страна на корисникот, но исклучиво за своја сопствена употреба.

Корисникот на страницата не смее и нема право да поставува или да објавува каков било материјал што подлежи на авторско право, право на трговска марка или пак, на други права на интелектуална сопственост, без претходно изречно одобрение од носителот на тие права.

Корисникот е во потполност одговорен за штетата која може да настане со повредата на авторските права, правото на трговска марка или пак, на други права на интелектуална сопственост, како и за какви било проблеми настанати како последица на објавување на таков материјал.

ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ

Насловите на поглавјата користени во овие Услови за користење служат само за полесна ориентација и на никој начин не влијаат на толкувањето на содржината што се наоѓа во нив. Доколку надлежниот суд пронајде дека која било одредба од овие Услови е ништовна, таквата ништовност нема да влијае на валидноста и важноста на која било друга одредба од овие Услови, а преостанатите делови на овие Услови ќе останат на сила. Доколку која било страна не ги искористи своите права од овие Услови, тоа нема да се смета за откажување или за губење на тие права, како ни на кои било други тука наведени права. За сите спорови што можат да настанат како последица на користењето на оваа страница (освен доколку со посебен договор не е предвидено поинаку) надлежен е Основниот суд во Скопје и тие ќе се решаваат во согласност со позитивните прописи на Република Македонија.

согласност на корисникот за користење на интернет страницата и за обработка на личните податоци

Корисникот се согласува дека се што е наведено во неговата пријава е негов труд. Се соглаува Македонски Телеком АД Скопје да поседува, не-ексклузивна и неотповиклива лиценца без временски рок со која може да репродуцира, објавува, адаптира, комуницира и да емитува или на друг начин да ја користи пријавата на корисникот во целост или дел од неа во било кој медиум на светско ниво, а за потребите на овој натпревар или повремено да се користи во која било друга публикација или продукција на Македонски Телеком АД Скопје.

Доколку корисникот постира на својот инстаграм профил содржина со хаштагот #ТелекомМК и #НашаМакедонија, ќе се подразбира дека корисникот се согласува Македонски Телеком АД да ја преземе неговата содржина од Инстаграм и да ја постира на страната nashamakedonija.mk. Македонски Телеком АД Скопје ќе ги користи личните податоци содржани во пријавата на корисникот со цел да ја спроведе промоцијата и да ја додели наградата. Ако корисникот добие награда, Македонски Телеком АД Скопје може да го искористи неговото име и фотографија за идни маркетинг цели, врз основа на негова претходно дадена согласност.. Македонски Телеком АД Скопје ќе ги чува Вашите лични податоци во согласност со Законот за заштита на лични податоци.

се согласувам

Закачи го твоето видео на YouTube и во описот на видеото вклучи ги овие 2 клучни збора: nasamakedonija и telekommk. Твоето видео ќе се појави на оваа страница најдоцна за 24 часа, доколку ги исполнува правилата и условите на користење.

затвори



По успешно споделување на вашата содржина, ќе бидете редиректирани во галеријата.
Вашата содржина ќе се појави на оваа страница најдоцна за 24 часа, доколку ги исполнува правилата и условите на користење.

затвори


По успешно споделување на вашата содржина, ќе бидете редиректирани во галеријата.
Вашата содржина ќе се појави на оваа страница најдоцна за 24 часа, доколку ги исполнува правилата и условите на користење.

затвори

затвори

Одбери што ќе прикачиш:

затвори